Apple објави ново ажурирање на iOS што го решава проблемот на оневозможување NFC на iPhone 15 по безжичното полнење во одредени модели на BMW
На крајот на октомври, форумите на интернет беа преполни со поплаки од возачите на BMW кои користеа некои од моделите на iPhone 15. Тие имаа главоболки со безжичното полнење во автомобилот, кое предизвика NFC чиповите на новиот iPhone да престанат да работат, што го натера Apple да ги советува корисниците некое време воопшто да не користат безжични полначи.
За среќа на возачите на BMW погодени од проблемот, на Apple не му требаше долго ова да го реши. Имено, компанијата вчера ја објави софтверска надградба на верзијата iOS 17.1.1 која го решава проблемот со безжичното полнење. Дополнително, решени се и одредени проблеми со Apple Pay и прикажувањето на неточни податоци на виџетот за временска прогноза.
Иако проблемот со безжичното полнење е решен, сè уште не е јасно што точно го предизвикало.