Оваа година Apple не претстави нов iPhone SE модел, но изгледа дека компанијата подготвува таков уред. Сега се појавија и нови информации поврзани со наводниот иден iPhone SE 4 уред ( идентификациски број D59) со кодно име Ghost.
Се чини дека компанијата планира да го остави зад себе дизајнот на iPhone 8, кој се користеше во сегашните и претходните модели. Наместо тоа, iPhone SE 4 ќе има помодерен изглед, поголем дисплеј и ќе биде во стилот на основниот iPhone 14 модел.
Всушност, може да користи модифицирана верзија на куќиштео на iPhone 14 со исти димензии. Смартфонот нема да вклучува Touch ID копче, туку ќе се потпира на системот Face ID, а iPhone SE 4 може да биде полесен за околу 6 грама.
Најверојатно ќе ги користи и програмабилното Action копче и USB Type-C портот, присутни кај моделите од iPhone 15 серијата. Засега се претпоставува дека новиот SE ќе се појави во 2025 годинина, бидејќи дотогаш има уште многу време, можно е да има промени во дизајнот.