Популарната интернет страница за видео-чет во живо, Omegle згасна по 14 години работа, а причина се обвиненијата за злоставување.
По цели 14 години функционирање, платформата Omegle која служеше за наизменично поврзување на корисниците во видео разговори еден на еден е изгасена. Овој сервис стана исклучително популарен помеѓу децата и помладите во текот на пандемијата, но во последните години се поврзуваше со повеќе од 50 случаи против педофили.
Кога ќе се кликне на страницата Omegle се гледа фотографија од надгробна плоча на која го пишува името на страницата и годините на работа (2009-2023). Основачот Лиф К-Брукс затворањето на Omegle го припишува на големите трошоци на платформата и решавањето на проблемите со неговата злоупотреба.
Тој истакнува дека предизвиците со кој платформата се соочувала станале неподносливи. К-Брукс нагласува дека платформата била ранлива на напади и се соочувала со финансиски предизвици во сузбивањето на злоупотребите.
Тој посочи дека не може да има објективна проценка на Omegle без признавање дека некои луѓе ја злоупотребувале, вклучувајќи вршење на многу тешки злосторства. И покрај се, К-Брукс истакнува го истакнува влијанието на платформата на поврзување на луѓе од различни култури.