Со најновите ажурирања на Windows 11, кои последователно одат постепено и не до сите корисници во сите делови на светот во исто време, голем број корисници добија пристап до новата алатка за вештачка интелигенција – Copilot. Тој се појавува како странична лента во Windows и нуди опции познати од Bing Chat. Според тоа, постојат мултимодални можности на чет-ботот со вештачка интелигенција напојуван од јазичните модели н OpenAI, создавање илустрации со DALL-E, но и управување со различни функции на самиот оперативен систем.
Windows 11 во актуелната верзија (23H2) донесе и автоматско појавување на иконата на Copilot на таскбарот, што ја става оваа алатка меѓу оние за кои Microsoft смета дека ќе се користат најчесто. Новата вест, што ја донесиува Windows Central вели дека корисниците на Windows 10 би можеле да добијат слично искуство во догледно време.
Имено, овој оперативен систем сè уште е најкористен – на глобално ниво го има на речиси 70% од сите компјутери со Windows, додека Windows 11 моментно има само околу 26% удел. Донесувањето на Copilot на постарата верзија на систем сигурно ќе ја зголеми неговата вкупна корисничка база и пенетрација до поголем број крајни корисници. Имено, Windows 11 има околу 400 милиони, а „десетката“ има околу една милијарда инсталации во светот. Според оваа (засега непотврдена) информација, иконата на Copilot, исто така, би се сместила во таскбарот во Windows 10, а асистентотр за вештачка интелигенција ќе изгледа и ќе ги има истите функции како во „единаесетката“.
Ова свртување кон „стариот“ оперативен систем доаѓа неколку недели откако директорот за производи на Microsoft, Панос Панаj си замина, па може да се толкува како резултат на променаta на врвот. Windows 10 моментно има одреден датум на завршување на поддршката – 14 октомври 2025 година – но Microsfiot наводно интерно разговара за можно продолжување на неговиот „живот“. Доаѓањето на Copilot во постариот оперативен систем би потврдило дека компанијата навистина одлучила да им даде уште малку време на Windows 10 и неговите корисници, со најновите функционалности.