Во рамки на мисијата Transporter 9, во ниската орбита на Земјата беше лансирана ракетата Фалкон 9 со десетици минисателити, објави компанијата SpaceX на социјалната мрежа X.
Мисијата Transporter 9 е деветти специјален лет на ракетата SpaceX во орбитата која носи десетици микро и наносателити за комерцијални и владини клиенти.
Falcon 9 беше лансиран од вселенската база Ванденберг во Калифорнија.
Transporter 9 е 82-та орбитална мисија на SpaceX оваа година. Повеќето од мисиите беа посветени на создавањето на Starlink, интернет мегасоѕвездието на SpaceX со повеќе од 5.000 сателити.
Претходната мисија Transporter 8 беше лансирана во јуни, кога во орбитата беа лансирани 72 мини сателити.

