Пред два месеци, Google го претстави новиот дизајн во стилот Material You на десктоп верзијата на прелистувачот Chrome. Дури сега, компанијата почна масовно да го дистрибуира новиот изглед на браузерот.
Претходната позначајна промена на дизајнот беше од 2018 година со Material Theme. Сега, новиот дизајн се совпаѓа со 15-от роденден на Chrome, со познатиот пристап на Android сега и за десктоп.
Ова вклучува позаоблени агли и промени во полето за адреса и делот за обележувачи. Omnibox веќе не прикажува катанец на левата страна, бидејќи HTTPs сега се универзално имплементирани. Постојат голем број на опции за управување и други информации.