Првиот хрватски сателит CroCube беше претставен на загрепскиот саем, а во февруари треба да биде лансиран во орбитата од Калифорнија со ракетата Falcon 9 на Eлон Маск.
CroCube е наносателит во форма на коцка, тежи околу 1,1 килограм и со димензии 10x10x10 сантиметри. Првиот хрватски сателит ќе има две камери и два радио предаватела, а ќе ја фотографира површината на Земјата од височина од 550 километри. Тој ќе може да ја фотографира Хрватска три пати на ден по приближно 12 минути.
За време на мисијата, на официјалната веб-страница ќе може да се следи состојбата и движењето на сателитот. Ќе има интегрирана micro SD картичка со имиња и презимиња на донатори и фотографии на заинтересирани граѓани и посебна полица со врежани имиња на најголемите спонзори.
![]()
CroCube на крајот ќе биде влечен од гравитацијата на Земјата и целосно ќе изгори во атмосферата без остатоци.
Шефот на мисијата, Даниела Јовиќ изјави дека ова е историски момент за Хрватска и нејзината иднина во вселената.
„CroCube е малку повеќе од сателит и кога го набљудуваме, не можеме а да не почувствуваме гордост и возбуда“, рече таа и додаде дека CroCube претставува огромен чекор напред во областа на вселенската технологија.

