Новиот финансиски извештај на Sony покажува дека оперативниот профит на компанијата е во опаѓање, но затоа продажбата на PlayStation 5 оди исклучително добро
Sony објави нов финансиски извештај за периодот до 30 септември годинава, кој покажува дека нивната оперативна добивка е намалена за 29 отсто во однос на истиот период лани. Имено, станува збор за сума од 1,74 милијарди долари.
Што се однесува до кварталните приходи, тие изнесуваат 18,5 милијарди долари, што претставува зголемување од 8 отсто во однос на износот за 2022 година. Профитот на чиповите е намален за 37 проценти поради повисоките трошоци и падот на продажбата на сензоритр за слика, додека сегментот за забава, технологија и услуги забележа пад од 9 отсто на годишно ниво.
Кога станува збор за забавата, светла точка на финансискиот извештај секако е фактот дека Sony испорачал 4,9 милиони PlayStation 5 во претходниот квартал, што е за 1,6 милиони конзоли повеќе од истиот период минатата година. Кога овие податоци ќе се искомбинираат со постарите, лесно е да се дојде до пресметка дека Sony има испорачано 46,6 милиони конзоли од лансирањето на PlayStation 5.
Претстојната празнична сезона треба да биде исклучително плодна за Sony, особено ако се земе предвид фактот дека почна и продажбата на новата верзија на PlayStation 5.