Се очекува Samsung да ја претстави својата нова флегшип Galaxy S24 серија смартфони на почетокот на следната година. Се разбира, не недостасуваат гласини поврзани со идните уреди, вклучувајќи наводни фотографии и спецификации.
На пример, изгледа дека речиси сигурно дека Galaxy S24 и S24+ моделите повторно ќе користат различни чипсети во зависност од регионот. Наспроти ова, Galaxy S24 Ultra најверојатно ќе го користи најмоќниот Snapdragon 8 Gen 3 за Galaxy на глобално ниво.
Сега се појавија нови фотографии кои го прикажуваат дизајнот на претстојниот Galaxy S24 Ultra. Тие доаѓаат од дојавувачот @UniverseIce и прикажуваат дизајн речиси идентичен со оној на актуелниот Galaxy S23 Ultra. Ова вклучува тенки странични рамки околу екранот, мал отвор за селфи камерата и посебни испакнатини за сензорите на главната камера.
Tell me, are you anxiously waiting for S24 Ultra?
This is the closest rendering of S24 Ultra. pic.twitter.com/MN2Pg97nIf— ICE UNIVERSE (@UniverseIce) November 11, 2023