Познатата компанија од Калифорнија, Nvidia го претстави новиот графички чип H200, кој е дизајниран за обука на модели со вештачка интелигенција.
Новиот графички процесор е надградба на чипот H100 што Open AI го користеше за тренирање на својот најнапреден модел со вештачка интелигенција GPT-4, а главната предност на H200 е 141 гигабајти напредна HBM3 меморија која треба да го усоврши тренингот, пренесува „CNBC“.
Nvidia тврди дека H200 е речиси двојно побрз од H100, но и компатибилен наназад, што значи дека компаниите кои тренираат модели со вештачка интелигенција со H100 нема да треба да ги менуваат своите серверски системи или софтвер за да го користат H200.
Based on the NVIDIA Hopper architecture, the NVIDIA HGX H200 features the NVIDIA H200 Tensor Core GPU with advanced memory to handle massive amounts of data for generative AI and #HPC workloads. #SC23
— NVIDIA Data Center (@NVIDIADC) November 13, 2023
Се проценува дека чиповите H100 чинат помеѓу 25.000 и 40.000 долари по парче, а за обука на систем за вештачка интелигенција потребни се илјадници чипови кои работат заедно.
Nvidia претходно објави дека очекува приход од 16 милијарди долари во својот фискален трет квартал, 170 отсто повеќе отколку во истиот квартал од 2022 година.