Kомпанијата Euro airship специјализирана за проектирање, конструирање и продажба на цепелини, најави дека ќе пушти цепелин кој ќе направи пат околу светот без пауза.
Цепелинот Solar airship one притоа нема да произведе емисии на јаглероден диоксид бидејќи ќе работи на соларни панели. Во текот на денот соларните панели ќе произведуваат енергија за цепелинот, а истовремено ќе се складира енергија за ноќното летање со електролиза на водата во водород. Ноќе водородот ќе поминува низ горивната ќелија, обезбедувајќи енергија за продолжување на летот.
Со цепелинот ќе управуваат поранешниот француски астронаут и пилот на воздухопловните сили Мишел Тоњини, аеробатскиот пилот Дорин Бурнетон и авантуристот Бертранд Пикард.
Тимот се подготвува за патување околу светот во 2026 година. Се очекува цепелинот да се движи со просечна брзина од 83 километри на час, а патувањето треба да трае околу 20 дена. Во текот на патувањето цепелинот ќе се задржи околу екваторот на висина од околу 6.000 метри.