Оваа година Apple воведе значајни новитети кај веќе актуелната iPhone 15 серија паметни телефони. И целосно во традицијата од последните години, веќе се појавија некои гласини поврзани со следната генерација, iPhone 16.
Сега новинарот на Блумберг, Марк Гурман сподели информации дека идните модели нема да имаат значителни хардверски подобрувања и дека компанијата ќе се обиде преку софтвер да донесе иновации во iPhone 16 серијата.
Според Гурман, Apple во следниот iOS 18 подготвува воведување на вештачка интелигенција со генеративни способности. Засега не се откриваат конкретни функционалности што можеме да ги очекуваме, но познавајќи го Apple, тие ќе бидат имплементирани на одличен начин.
Исто така, Гурман повторно потврди дека Apple одлучил привремено да го замрзне развојот на своите следни ажурирања за iPhone и Mac, со цел да ги исправи досегашните грешки.