Во кинескиот национален центар за водни спортови во Пекинг, Vivo ја претстави серијата X100 телефони кои ветуваат подобрени можности на камерите
Vivo на медиумски настан во Пекинг ја претстави својата нова X100 серија паметни телефони од висока класа. Линијата содржи два модела – X100 и X100 Pro, а ова се и првите смартфони со новиот водечки чипсет MediaTek Dimensity 9300.
Двата уреда имаат идентични заоблени екрани со 8T LTPO панели. Дијагоналата на дисплеите изнесува 6,78 инчи, имаат резолуција од 1260 p, врвна осветленост од 3000 нита и динамична стапка на освежување од 1 до 120 херци. Селфи камерите од 32 мегапиксели се сместени во засеци на горниот дел од екранот.
Покрај веќе споменатиот чипсет, достапни се до 16GB LPDDR5T RAM и 1TB UFS 4.0. простор за складирање. Vivo X100 има батерија со капацитет од 5000 mAh и брзо полнење до 120 вати, а капацитетот на батеријата во X100 Pro е 5400 mAh со поддршка за жично полнење до 100 вати и безжично до 50 вати.
Модулот за камери на X100 Pro го вклучува 50MP 1-инчен IMX989 сензор на Sony сензор, како и првиот мобилен телефото објектив со Zeiss APO сертификат со нов лебдечки перископ објектив со отвор на бленда f/2,57 и оптички зум 4,3x. Третиот објектив е ултраширокоаголен. Достапен е и T* слој за помалку отсјај. X100 Pro го вклучува и V3 чипот за портретно видео во 4K резолуција.
X100 има прилагоден главен сензор IMX920 од 50 MP со отвор на бленда f/1,57, телефото објектив од 64 мегапиксели за 3x зум со оптичка стабилизација и ултраширок објектив од 50 MP. И кај овој модел е присутен T* слојот за помал отсјај. Телефоните имаат и IP68 сертификат, IR предаватели, Wi-Fi 7 и Bluetooth 5.4, а го користат новиот Android 14 со OriginOS 4.
Цените за vivo X100 во Кина започнуваат од 3.999 јуани (520 евра), а X100 Pro ќе се продава по цена од 4.999 јуани (651 евро).