Xiaomi 14 серијата постави нов рекорд за продажба на премиум телефони од оваа компанија, а со овој резултат Xiaomi стана лидер на кинескиот пазар.
Според извештајот на кинескиот Вол Стрит, компанијата Xiaomi успеала да продаде импресивни речиси 1,45 милиони уреди од Xiaomi 14 серијата во првите десет дена од почетокот на продажбата. Овој резултат е постигнат од првиот ден на продажба, од 31 октомври, се до 10 ноември, со што е поставен нов рекорд за една премиум линија на телефони на Xiaomi.
Според истиот извештај, овие продажни резултати придонесоа Xiaomi да стане лидер во Кина во текот на 44-та недела од годината. Huawei и Honor го зазедоа второто и третото место според уделот на пазарот. Покрај тоа, Xiaomi објави нов рекорд на приходи преку социјалната мрежа Weibo во текот на 11.11, најголемиот настан за продажба во Кина. Компанијата оствари приход од импресивни 3 милијарди долари) на сите канали, пренесува GSMArena.
Овој успех сведочи за силната позиција на Xiaomi на пазарот на паметни телефони, истакнувајќи го високиот интерес на потрошувачите за нивната најнова Xiaomi 14 серија уреди.