Ново истражување покажа дека виртуелната реалност може да ја ублажи болката кај пациентите со рак. Играњето видео-игри, како и истражувањето на тивките средини со помош на дигитални слушалки, им помогнало на пациентите да ги ублажат симптомите на болеста што ја имаат.
Д-р Вилиам МекГи од Белфаст тврди дека „VR интервенциите се ефикасни во намалувањето на болката и стресот, особено кај луѓето со рак“.
„Како што VR системите стануваат прогресивно сѐ подостапни, интервенциите со ВР можат да понудат поповолни третмани од конвенционалните“, според д-р МекГи.
Само во Велика Британија, околу три милиони луѓе боледуваат од рак, а една таква дијагноза во просек се поставува на секои 90 секунди. Најголемаболка предизвикуваат туморите кои вршат притисок врз коските, нервите и органите во телото, но и третманите како радиотерапија може да резултираат со остра болка, а на многу пациенти им се препишува морфин за да се справат со агонијата.
Претходните истражувања покажаа дека виртуелната реалност, виртуелната симулација која ги следи движењата на главата, така што лицето се чувствува како да е во нова средина, може да се користи за смирување на децата во болниците.
Најновото истражување анализирало како технологијата може да се користи за лекување на болка. Истражувачите анализирале 31 различна студија за да го видат влијанието на VR технологијата врз болката кај луѓето кои страдаат од рак, деменција, кардиоваскуларни болести, мултиплекс склероза и бубрежни заболувања. Просечната возраст на пациентите била 51 година, а VR сесиите траеле околу 20 минути. Пациентите имале сесии од еднаш на секои две недели до секојдневно, пет дена во неделата во период од две недели. Некои сесии вклучувале релаксирачки, природни средини, додека други вклучувале пациенти кои играле игрици. Оние кои практикувале ВР сесии доживеале значително олеснување на болката, особено заболените со рак.
„Имерзивната VR технологија може да понуди нефармаколошка интервенција која лекарите, негувателите и пациентите ја сметаат за прифатлива“, заклучи д-р МекГи.