Philips, како глобален лидер во производите за лична нега, овој Мовембер воведува иницијатива за поддршка на важната кауза за подигање на свеста за здравјето на мажите.
Оваа иницијатива има за цел да ги поттикне мажите да преземат контрола врз своето здравје и да им дадат приоритет на редовните прегледи, особено во контекст на ракот на простата, состојба која погодува милиони мажи ширум светот.
За таа цел, во текот на месец ноември, за секој купен Philips мултифункционален тример (од сериите 5000, 7000 и 9000), Philips ќе му обезбеди на купувачот бесплатен PSA тест (Специфичен антиген за простата) за проверка на тумор маркери во клиниката Жан Митрев.
Ракот на простата е втор најчест карцином кај мажите, а раното откривање е клучно за успешно лекување. Со обезбедување на бесплатна проверка на тумор маркерите, Philips ги охрабрува мажите да преземат проактивен пристап кон нивното здравје. Овој едноставен тест на крвта може да помогне рано да се идентификуваат потенцијалните проблеми, нудејќи шанса за навремена, успешна интервенција.
Преку оваа иницијатива, Philips испраќа моќна порака – грижата за себе не е само да изгледате добро, туку и да се чувствувате добро и да се грижите за вашето здравје.
Овој ноември, придружете се на Philips и Мовембер во кампањата за подигање на свеста за машкото здравје и прегледувајте се редовно, што е клучен чекор кон поздрава иднина.