Кога беше лансирана iPhone 14 серијата телефони, Apple им вети на своите корисници две години бесплатна итна SOS сателитска комуникација, но сега ја продолжува услугата за уште една година. Оваа функција им овозможува на корисниците да контактираат со службите за итни случаи во областите без мобилна конекција.
Сепак, иако целата iPhone 14 серија го добива ова продолжување на услугата, таа сепак нема да им биде достапна на сите. Apple прецизира дека бесплатната верзија ќе им биде продолжена само на корисниците кои го активирале својот уред во земја која поддржува SOS сателитска комуникација пред 15 ноември 2023 година во 12:00 часот по Пацифичко време.
Тоа значи дека, иако Македонија не е на листата на земји кои ја поддржуваат споменатата сателитска комуникација, сепак можете да добиете продолжување на оваа услуга доколку сте го активирале уредот во: Австралија, Австрија, Белгија, Канада, Франција, Германија, Ирска , Италија, Луксембург, Холандија, Нов Зеланд, Португалија, Шпанија, Швајцарија, Велика Британија или САД.
Интересно е што Apple ја продолжува оваа услуга без дополнителни трошоци, но се уште не прецизира колку ќе чини по завршувањето на бесплатниот пробен период.