Компанијата од Купертино најави дека iPhone од следната година ќе го поддржува RCS протоколот во својата Messages апликација, стандард за пораки што го користат повеќето телефони со Android.
Дебатата за сините и зелените балони изгледа конечно завршува. Според новиот развој на настаните, Apple тврди дека iPhone, почнувајќи од 2024 година ќе поддржува RCS пораки, стандард за испраќање пораки што го користат повеќето телефони со Android.
„Подоцна следната година, ќе додадеме поддршка за RCS Universal Profile, стандард што моментно го објавува GSM асоцијацијата“, рече портпаролот на Apple. „Веруваме дека RCS универзалниот профил ќе обезбеди подобро искуство за интероперабилност во споредба со SMS или MMS. Ова ќе работи заедно со iMessage, што ќе продолжи да биде најдоброто и најбезбедно искуство за пораки за корисниците на Apple“.
Ако iPhone ги усвои RCS пораките, тоа ќе овозможи поддршка за потврда за прочитаноста, индикаторите на пишување, висококвалитетни слики и видео записи, како и уште многу работи при испраќањето текстови помеѓу iPhone и Android уредите, како што наведува 9to5Mac. Apple вели дека ќе им овозможи на корисниците да споделуваат локации во текстуални пораки.
Сè уште не е јасно каква форма ќе имаат овие нови RCS пораки, но тоа не значи дека Apple го отвора iMessage на други платформи.
RCS ќе ги замени SMS и MMS и ќе „постои одделно од iMessage кога ќе биде достапен.
Оваа промена веројатно доаѓа како одговор на регулаторниот притисок од Digital Marcets Act (DMA) на Европската унија,правила кои бараат од големите компании како Apple да ги направат своите услуги интероперабилни со други платформи. Во септември, Европската комисија отвори истрага за iMessage за да утврди дали треба да се смета за „основна услуга на платформата“. Сепак, Apple наводно тврди дека iMessage не е доволно популарен во Европа за да се применуваат овие правилат и планира да поднесе жалба против регулацијата на својот App Store.