Откако пред извесно време Qualcomm го претстави својот нов флегшип мобилен чипсет Snapdragon 8 Gen 3, сега на ред е новото дополнување за средната класа. Станува збор за Snapdragon 7 Gen 3, кој е произведен во 4-нанометарскиот процес од TSMC.
Централниот процесор е во конфигурација 1+3+4 со Kryo јадра, а максималната фреквенција изнесува 2,63GHz. Компанијата известува за 15% подобрување на перформансите во однос на Snapdragon 7 Gen 1, а има и 50% подобрување во графичкиот акцелератор Adreno.
Чипот, исто така, постигнува 20% подобра ефикасност. Се одликува со хексаголен невронски процесор за 60% повисоки перформанси по ват во споредба со SD 7 Gen 1. Инаку, чипсетот поддржува екрани со резолуција до 4K на 60Hz или Full HD+ до 168Hz.
Во однос на камерите, Qualcomm Spectra ISP поддржува сензор до 200 MP и снимање 4K HDR видео до 60 Hz. Додаден е Snapdragon X63 5G модем, како и поддршка за Wi-Fi 6E и Bluetooth 5.3. Првите модели се очекуваат веќе овој месец.