Откако доби дозвола од Федералната управа за авијација, компанијата SpaceX во текот на денешниот ден требаше да направи втор обид за лансирање на ракетата Starship, но за тоа ќе треба да почекаме до утре
SpaceX објави дека го одложува лансирањето за еден ден, односно за сабота, а причината е замена на еден дел од ракетата. Се работи за мрежестите перки кои се дел од засилувачот Super Heavy, кои му помагаат да управува со своето враќање на Земјата.
Прозорецот за лансирање на Starship во сабота, 18 ноември од Starbase во Бока Чика, Тексас сега изнесува 20 минути, а SpaceX ќе обезбеди пренос во живо.
Starship е следната генерација на системот за транспорт на SpaceX за длабоката вселена, а компанијата го развива за транспорт на луѓе и товар до Месечината, Марс и пошироко. Се состои од два елементи кои можат да се користат повеќе пати. Првата етапа се состои од засилувачот Super Heavy висок 50 метри, а вториот е вселенскиот брод Starship. Заедно тие ја формираат најголемата и најмоќната ракета некогаш изградена, а кога ќе се склопи Starship е висок 122 метри.


