Само неколку дена откако беше отпуштен од директорското место во OpenAI, Сем Алтман се пресели во Microsoft за да предводи напредниот истражувачки тим за вештачка интелигенција
Назначувањето беше потврдено од извршниот директор на Microsoft, Сатја Надела во денешната објава на социјалната мреќа X.
На крајот на драматичниот викенд, одборот на директори на OpenAI со седиште во Сан Франциско го поставиЕмет Шир, ко-основач на страницата за видео стриминг Twitch, како трет извршен директор на компанијата за три дена, иако претходно имаше шпекулации дека Алтман може да се врати на позицијата, откако беше отпуштен во петокот.
Microsoft најголемиот инвеститор на OpenAI, брзо ја презеде улогата на клучна фигура во индустријата за вештачка интелигенција. Денеска наутро објави дека ги именувал Алтман и поранешниот претседател на OpenAI, Грег Брокман да го предводат новиот напреден тим за вештачка интелигенција на компанијата.
We remain committed to our partnership with OpenAI and have confidence in our product roadmap, our ability to continue to innovate with everything we announced at Microsoft Ignite, and in continuing to support our customers and partners. We look forward to getting to know Emmett…
— Satya Nadella (@satyanadella) November 20, 2023
„Исклучително сме возбудени што можеме да ја споделиме веста дека Сем Алтман и Грег Брокман, заедно со колегите, ќе му се придружат на Microsoft за да водат нов напреден истражувачки тим за вештачка интелигенција. “ напиша Надела на мрежата X.
Да потсетиме, Алтман доби отказ во петокот бидејќи, како што тогаш беше објавено, не бил „доследно искрен во комуникацијата“ со одборот. Инвеститорите на OpenAI, предводени од Microsoft, потоа се заложија за враќање на Алтман на работа, а разговорите за пресврт се случија во текот на викендот – при што Алтман објкави фотографија на која носи пропусница за гости пред канцелариите на OpenAI.