Apple и Sony имаат промотивна понуда за сопствениците на PlayStation 5 која ќе им овозможи бесплатен пристап до Apple Music сервисот за стриминг музика во период од шест месеци. Понудата е достапна до 15 ноември 2024 година за новите и постоечки претплатници на Apple Music.
Активирањето на услугата е прилично едноставно – треба да ја преземете апликацијата Apple Music на кој било модел на PS5 и потоа да се најавите на неа со вашата сметка на Apple. По завршувањето на периодот на промоција, ќе се наплаќа 6 евра месечно, затоа не заборавајте да ја откажете претплатата навреме.
Само затоа што го вклучивте Apple Music на PS5 не значи дека треба да го користите само на конзолата. Откако ќе имате претплата, можете да слушате на сите уреди што ја поддржуваат услугата, што значи сите производи на Apple и уредите со Windows и Android.
Дополнително, двете компании имаат уште една промоција која се однесува на услугата Apple TV+. Овозможе е тримесечен бесплатен пристап на новите корисници кои поседуваат PlayStation 4 и PlayStation 5. Понудата важи до 31 јануари 2024 година.