Неодамна се појавија информации дека Samsung ќе ја претстави претстојната Galaxy S24 серија во јануари следната година. Ова е порано од вообичаениот термин и претставува интересна одлука на јужнокорејската компанија.
Сега новите информации од The Elec покажуваат дека презентацијата е планирана за 17 јануари во Сан Хозе, а пред-нарачките за трите нови модели ќе започнат на 18 јануари. Испораките на новите смартфони треба да започнат на 30 јануари.
Очекувањата се дека компанијата може да ги задржи цените на моделите како кај актуелната Galaxy S23 серија. Изборот на новата локација за премиерата е направен во врска со блиската соработка на компанијата Samsung со Google.
Секако, има и многу гласини за самите уреди. Најзначајните од нив се во однос на користените чипсети, при што Galaxy S24 и S24+ најверојатно го користат Exynos 2400 во Европа, а Galaxy S24 Ultra ќе користи нова специјална верзија на Snapdragon 8 Gen 3. Покрај тоа, ќе биде ставен акцент и на комплексните технологии и решенија со вештачка интелигенција.
Samsung го подготвува Exynos 2400 со револуционерната FOWLP технологија за Galaxy S24 серијата