И покрај најавата за новиот, изворен оперативен систем HarmonyOS Next без поддршка за Android, Huawei изгледа се уште ќе ја задржи поддршката за Android на меѓународниот пазар
Само една недела по најавата дека новиот оперативен систем HarmonyOS Next, со матичен екосистем на апликации на компанијата Huawei, наскоро е подготвен да стигне до крајните корисници, добиваме малку поинакви вести. И покрај тоа што врз основа на најавите се мислеше дека компанијата целосно ќе ги прекине врските со Android, сега дознаваме дека Huawei ја задржува поддршката за Android за апликации на уреди лоцирани надвор од Кина, односно на меѓународниот пазар.
Уредите на Huawei надвор од Кина ќе продолжат да го користат EMUI, кој е сличен на оперативниот систем HarmonyOS, но базиран на проектот Android со отворен код. Тоа значи дека како и досега, овие уреди ќе бидат без услугите и апликациите на Google, но ќе продолжат да добиваат поддршка за изворни Android апликации, објаснуваат од компанијата, а пренесува кинескиот портал Cnmo.
Порталот тврди дека компанијата изградила голема заедница на програмери ширум светот кои се занимаваат исклучиво со креирање апликации од трети страни да работат правилно на уредите на Huawei без услугите на Google.
Тоа значи дека поддршката за телефони и таблет уреди на глобалниот пазар треба да продолжи да расте, а компанијата се уште се гледа себеси како главен производител на софтвер и хардвер во светот на паметните телефони.