Идните Galaxy Z Fold7 и Z Flip7 преклопни смартфони на Samsung први ќе ги добијат револуционерните екрани засновани на новата PHOLED технологија
Јужнокорејската компанија Samsung наводно веќе планира чекори за дизајн и производство на Galaxy Z Fold7 и Z Flip7 телефоните со PHOLED технологијата на екран. Тоа е всушност „фосфорцентен“ OLED екран кој компанијата моментно го користи само за зелените и црвени пиксели, а идните флексибилни телефони на Samsung, односно моделите од седмата генерација, би можеле „од прва рака“ да доживеат проширување на употребата на оваа технологија и на сините пиксели.
Ова наводно би требало да се случи во 2025 година, иако првично вакви екрани беа планирани за моделите кои ќе излезат следната година, пишува Wccftech. Причината за тоа се огледа во фактот што Samsung наводно работи на целосно PHOLED решение, бидејќи постојат извесни проблеми во процесот на производство.
Оваа технологија на дисплеи ветува подобрена ефикасност на екранот, намалена потрошувачка на енергија и подобро траење на батеријата.
Ова ќе се одрази на фактот дека сегашните флуоресцентни екрани кои ги имаат телефоните на преклоп на Samsung обезбедуваат внатрешна ефикасност на светлина од само 25 проценти, а PHOLED екраните наводно ќе нудат 100 проценти ефикасност.
Иако постои предизвик во однос на животниот век на фосфоресцентниот материјал во споредба со флуоресцентниот, Samsung Display е познат по постигнувањето на импресивни резултати. Со оглед на тоа дека дотогаш има уште нешто повеќе од една година, би можеле да очекуваме дополнителни информации кои ќе ни дадат увид во оваа иновација, но и дали конкуренцијата ќе го следи примерот на јужнокритскиот гигант во областа на екраните.