Истражувачите од Институтот Каролинска испраќаат дронови опремени со автоматизирани надворешни дефибрилатори до пациентите со срцев удар наместо амбулантни возила и во повеќето од половина на случаите, беспилотните летала се побрзи за три минути
Во повеќето случаи кога пациентот доживува срцев удар, се користи дефибрилатор испорачан со дрон за да се спречи понатамошно влошување на состојбата или смрт.
„Употребата на дефибрилатори е најважниот фактор за спасување животи. Ние користиме беспилотни летала опремени со дефибрилатори од летото 2020 година, а студијата покажа дека беспилотните летала пристигнуваат на местото неколку минути пред возилата на брзата помош. Ова време им овозможува на луѓето да користат дефибрилатори на местото на настанот во неколку случаи“, изјави главниот истражител Андреас Клаесон.
Застојот е срцето е потенцијално фатална медицинска состојба која се јавува кога срцето наеднаш ќе престане да чука. Ова може да се случи како резултат на срцев удар, аритмија или други срцеви нарушувања. За да се спаси животот на една личност, потребна е итна интервенција.
Употребата на дефибрилатор е една од најважните интервенции во случај на срцев удар. Дефибрилацијата е медицинска процедура во која терапевтска доза на електрична енергија се доставува до срцето со цел да се врати нормалниот срцев ритам. Дефибрилаторите рутински се користат за оваа намена на јавни места, домови и болници. Ова е причината зошто нивното доставување до локации каде што е констатиран срцев удар е од критично значење.
Институтот Каролинска ја тестира идејата за испраќање дронови со дефибрилатори истовремено со амбулантни возила со цел да се намали времето на пристигнување на локацијата и тоа го прави од 2020 година. Во проектот учествуваа 200.000 луѓе во Шведска, а првите резултати добиени во текот на летото 2020 година покажаа дека концептот е одржлив и безбеден.
Беспилотните летала се користени за испорака на дефибрилатори во 55 случаи на сомнителен срцев удар, а во 37 случаи (67 проценти) пристигнале пред брзата помош, и тоа во просек 3 минути и 14 секунди.