Мултимилијардерот Бил Гејтс верува дека брзиот напредок на вештачката интелигенција ќе им овозможи на луѓето да ја намалат работната недела на само три дена бидејќи „машините можат да ја направат целата храна и работи“.
„Ако на крајот добиете општество каде што треба да работите само три дена во неделата, тоа е веројатно во ред“, рече Гејтс.
Гејтс предвиде дека може да дојде денот кога луѓето „нема да мора да работат толку напорно“ само за да врзат крај со крај.
Во март, тој напиша дека појавата на вештачка интелигенција може да има исто толку влијание врз општеството како мобилните телефони и интернетот.
„Тоа ќе го промени начинот на кој луѓето работат, учат, патуваат, добиваат здравствена заштита и меѓусебно комуницираат“, напиша Гејтс во блог пост.
Тој рече дека „цели индустрии ќе се преориентираат околу тоа“, и дека компаниите ќе се разликуваат во тоа колку добро ќе ја користат вештачката интелигенција.