Apple планира да ja воведе OLED технологијаta во дисплеите на уште девет нови уреди до 2027 година. Информациите пристигнуваат од тајванската публикација ET News, а OLED дисплеите најпрвин ќе пристигнат до iPad Pro моделите следната година.
OLED екрани потоа ќе добијат iPad mini и iPad Air во 2026 година, и додека iPad Air ќе ја задржи големината од 10,9 инчи, iPad mini ќе добие поголем дисплеј до 8,7 инчи. Во 2027 година, исто така и 12,9-инчниот Pad Air биде опремен со OLED дисплеј.
Се чини дека компанијата планира да користи поликристален оксид со ниска температура (LTPO) за iPad Pro и еднослоен (LTPS) за iPad mini и iPad Air. Ова значи дека високата стапка на освежување од 120 херци ќе биде резервирана само за Pro уредите.
Во 2025 година, Apple ќе додаде OLED и на 16-инчниот MacBook Pro, а една година подоцна и на 14-инчниот модел. MacBook Air моделите од 13 и 15 инчи може да добијат OLED екрани во 2026 година.