Бразилскиот геолошки институт во четвртокот објави нов вид диносаурус, брзо животно кое живеело во пустината во раниот период на креда.
Новиот вид, наречен Farlowichnus rapidus, било мало месојадно животно со големина на денешната птица сериема, или висок околу 60-90 см, според истражувачите. Откритието е објавено во научното списание Cretaceous Research.
„Од големото растојание помеѓу пронајдените стапалки, може да се заклучи дека се работи за многу брз рептил кој ги газел древните дини“, се вели во соопштението на геолошката служба.
Раниот период на креда се протега од пред 100 до 145 милиони години.
Фосилизираните „патеки“ на диносаурусите, како што ги нарекуваат научниците, првпат биле пронајдени во 80-тите од страна на италијанскиот свештеник и палеонтолог Џузепе Леонарди во денешниот град Аракуара, во државата Саун Пауло.
Во 1984 година, Леонарди донираше на Бразилскиот музеј на науки за Земјата (MCTer) еден од примероците од стапалото, пронајден во таканаречената формација Ботукату, група карпи формирани во пустина од древна дина.
„Отпечатоците се различни од сите други познати отпечатоци од диносауруси“, рече палеонтологот Рафаел Коста од MCTer.
Извор: Klix.ba