Lenovo објави дека повлекува од пазарот надворешна батерија за лаптопи со USB-C интерфејс поради ризик од прегревање. Според компанијата, во мал број уреди, внатрешната завртка може да се разлабави и да предизвика краток спој, што пак може да предизвика прегревање на литиум-јонската батерија и да претставува опасност од пожар.
Засегнати се уредите со број на модел 40ALLG2WWW кои се произведени помеѓу јануари и јуни 2022 година. Месецот на производство може да се види на етикетата на батеријата во последните цифри од бар-кодот (во формат YY/MM). Доколку поседувате таков уред, Lenovo советува веднаш да престанете да го користите.
На страницата за отповикување, компанијата вели дека досега добила само еден извештај за пожр на батеријата. Може да ја искористите можноста да добиете уште една батерија бесплатно со пополнување на формуларот на веб-страницата на Lenovo. За дополнителни прашања, корисниците можат да се обратат на recalls@lenovo.com или да го контактирате вашиот локален претставник на Lenovo во земјата.

