Испораките на панелите за актуелната iPhone 15 серија се зголемени за 16% во споредба со бројот на панели испорачани за iPhone 14 моделите во истиот период до октомври оваа година
Испораките на панелите за актуелната iPhone 15 серија се зголемени за 16% во споредба со бројот на панели испорачани за iPhone 14 моделите во истиот период до октомври, според податоците објавени од консултантот за синџирот на снабдување со екрани Display Supply Chain Consultants – DSCC.
Испораките на панелите за iPhone 15 беа за 21% поголеми од бројот на испорачани во истиот период во 2021 година за iPhone 13 линијата.
Минатиот месец, iPhone 15 Pro моделите имаа убедлив удел од 71% во испорачани панели, што е зголемување во однос на 65% удел, кои најновите Pro модели го остварија во септември. Со оглед на овие податоци и земајќи ја предвид повисоката почетна цена од 1.199 долари за 15 Pro Max со 256 GB простор за складирање наспроти 1.099 долари за iPhone 14 Pro Max со 128 GB простор, просечната продажна цена (ASP) на 15 серијата е за 5 проценти повисока од претходната верзија.

Samsung Display (SDC) и натаму е главен снабдувач на екрани на Apple, одговорен за 81% од панелите испорачани од јуни до октомври за iPhone 15 серијата. SDC беше одговорна и за 82% од панелите испорачани за iPhone 14 серијата минатата година во истиот период, и за 79% од панелите за iPhone 13 серијата во истиот период. SDC останува единствениот снабдувач на екрани за Apple, кој ги испорачува панелите за сите четири модели на iPhone во 2023, 2022 и 2021 година.

DSCC забележува дека LG Display (LGD) почна да испорачува панели во септември за iPhone 15 Pro Max и имаше удел од 18% удел за тој модел до октомври. LGD ги испорачува панелитр за iPhone 15 Pro и iPhone 15 Pro Max. Кинеската BOE минатиот месец почна да го снабдува Apple со панели за iPhone 15 и има удел од 1%.
Во основа, според податоците на DSCC, iPhone Pro моделите оваа година се попопуларни од кога било. Директорот за истражување во DSCC, Дејвид Наранџо вели: „Испораките на панели за iPhone 15 Pro моделите сочинуваа поголем дел од iPhone 14 Pro и iPhone 13 Pro моделите во периодот од јуни до октомври. На кумулативна основа, од јуни до октомври, iPhone 15 Pro моделите имаа удел од 64%, во споредба со уделот од 54% за iPhone 14 и iPhone 13 серијата.

