Кина гради огромни дата центри под вода, со кои планира да заштеди 122 милиони киловат часови електрична енергија и речиси 10 фудбалски игралишта земјиште.
Подводните дата центри (центри за податоци) не се новост – Microsoft ги постави во длабочините на океанот уште во 2014 година со својот систем Project Natick. Сега Кина започна со изградба на најголемиот светски комерцијален подводен дата центар, во близина на брегот на градот Сања.
Секој од елементите на центарот, наводно, може да обработи над четири милиони фотографии со висока резолуција за 30 секунди, што ги претставува проценетите перформанси на околу 60.000 стандардни десктоп компјутерски системи кои работат заедно.
Планот е да се вградат 100 водоотпорни елементи на центарот за податоци во рамката на споменатиот подводен систем, а се проценува дека ќе можат да обработуваат 400 милиони HD фотографии во секунда, со моќност од шест милиони компјутерски уреди.
Секој од центрите за податоци е огромен: со големина до 68.000 квадратни метри, што е еквивалент на околу 10 фудбалски игралишта. Ќе бидат потребни околу три часа за да се премести секој центар за податоци на 35 метри под површината на океанот.
The world's first commercial underwater data center (UDC) is gearing up for its finale of the first phase by placing a sealed watertight cabin on the seabed off the shores of Lingshui Li Autonomous County in south China's Hainan Province on Friday. @ThisisHainanGov pic.twitter.com/iPrVZc9cwT
— ShanghaiEye🚀official (@ShanghaiEye) November 27, 2023
Кина планира да заштеди 122 милиони киловат часови електрична енергија и повеќе од 105.000 тони свежа вода со овој систем. Причината е што ладната солена вода ќе може да ги одржува ладни чиповите на дата центарот.
Со дата центрите ќе управува Beijing Sinnet, водечки снабдувач на дата центри и Облак услуги во Кина. Целиот проект чини околу 879 милиони долари.