Претстојната Huawei P70 серија телефони би требало да излезе на пазарот во 2024 година, а со цел за тројно поголема продажба, компанијата подготвува нов чипсет и камери за уредот
Во првата половина на 2024 година, треба да биде објавена новата Huawei P70 серија телефони со наводно целосно нови Kirin 5G чипови и подобрени камери. Познатиот аналитичар од TF International Securities, Минг Чи Куо очекува дека Huawei ќе продаде три пати повеќе телефони отколку што тоа го направи со серијата P60.
Благодарение на претстојната P70 серија, Huawei треба да постигне годишен раст од околу 230 отсто, со продажба на дури 15 милиони смартфони, наспроти четири до пет милиони уреди од серијата Huawei P60. Дури и ако побарувачката не е толку висока како што очекува Куо, тој вели дека компанијата треба да продаде „барем“ 10 до 12 милиони телефони.
華為新款P70將持續帶動2024高階手機相機規格升級,大立光與舜宇為關鍵受益者 / Huawei’s new P70 series will continue to drive the camera upgrade cycle for high-end smartphones in 2024, with Largan and Sunny Optical emerging as key beneficiarieshttps://t.co/0pzYKelQoR
— 郭明錤 (Ming-Chi Kuo) (@mingchikuo) November 28, 2023
Телефоните што ќе ја сочинуваат линијата ќе бидат Huawei P70, P70 Pro и P70 Pro Art, а зголемената продажба треба да биде стимулирана од Largan и Sunny Optical, производители на висококвалитетни објективи за камера. Значително зголемување на испораките, наводно, ќе има и надвор од сезоната, бидејќи кинеската компанија има за цел да се врати на продажните рафтови ширум светот со подобри спецификации за камерите од кога било.
Се чини дека Huawei P70 ќе донесе 5P objektiv и телефото сензор од 1/3,6 инчи, додека P70 Pro моделот наводно ќе има 6P објектив за зумирање со сензор од 1/2,5 инчи.
Верзијата Art ќе се издвојува над овие два модели, бидејќи Huawei планира да користи 1G6P леќа (еден слој стакло и шест слоеви пластика) и сензор од еден инч за камерата со ултраширок агол. Неговото производство, сепак, ќе биде исклучително скапо, бидејќи стаклото е потешко за производство од обичните 7P леќи, и токму тука Largan и Sunny Optical ќе остварат значителен приход, тврди Куо.
Со лансирање на нова камера на светскиот пазар, компанијата веројатно ќе ги принуди другите производители да следат слични решенија, посебно ако серијата Huawei P70 биде добредојдена на глобалната сцена. Еден од важните ставки е секако процесорот што ќе ги напојува новите телефони, кој треба да биде нов 5G чипсет од домашно производство, што значи дека покрај напредниот Kirin 9000s чип, можеби ќе видиме и сосема нови модели.