Apple ги објави добитниците на годинашаната награда App Store за 2023 година за најдобри содржини во својата продавница за апликации. Наградени се вкупно 14 игри и апликации за различните платформи.
Објавени се најдобрите апликации за секој од уредите на компанијата, како и најдобрите игри за iPhone, iPad и Mac.
Според Apple, најдобри апликации за изминатата година се: AllTrails (iPhone), Prêt-à-Makeup (iPad), Photomator (Mac), MUBI (Apple TV) и SmartGym (Apple Watch). Меѓу избраните игри се Honkai: Star Rail (iPhone), Lost in Play (iPad), Lies of P (Mac) и Hello Kitty Island Adventure (Apple Arcade).
Покрај тоа, има пет добитници на културно влијание, а тоа се Pok Pok, Proloquo, Too Good to Go, Unpacking и Finding Hannah. Трендот на годината е генеративната вештачка интелигенција.
Сите победници ќе добијат статуетка во форма на логото на App Store.