Microsoft додава нов режим за заштеда на енергија на Windows 11 Insiders (Build 26002), со што проширува и подобрува постоечката опција.
Можеби најинтересното нешто во случајот е тоа што режимот сега опфаќа не само преносни, туку и десктоп компјутери и на тој начон можете да заштедите енергија. Во спротивно, работи како што се очекува, поради намалената продуктивност.
Режимот може да се активира од менито за брзи поставки или во Settings, а потоа System > Power > Energy saver. Постои опција за автоматско (со оглед на нивото на полнење на батеријата) или рачно активирање.
Останува да видиме кога ќе пристигне опцијата дури и до стабилната верзија на Windows 11. Со неа дефинитивно ќе оже да се оптимизира потрошувачката на енергија преку препорачаните поставки.