Компанијата Xiaomi во ноември го претстави новиот смартфон Redmi 13 C, кој наскоро ќе биде лансиран на европскиот пазар.
Новиот Redmi 13C го покренува од MediaTek Helio G85 octa-core процесор, а доаѓа со 4 и 8 GB RAM во зависност од големината на внатрешната меморија.
Дисплејот е со дијагонала од 6,74 инчи со резолуција од 720×1600 пиксели со Corning Gorilla Glass заштита и стапка на освежување од 90Hz. На предната стране е сместена селфи камера од 8 мегапиксели, додека двата кружни модула на задната страна на уредот имаат камери од 50 мегапиксели (широка), 2 мегапиксели (макро) и 0,08 мегапиксели за DOF и други помошни ефекти на примарните камери.
Батеријата има капацитет од 5.000 mAh и се полни со полнач од 18 W. Доаѓа во четири бои и тоа Midnight Black, Navy Blue, Glacier White и Clover Green.
Цената на светскиот пазар во просек изнесува околу 150 долари, а цените за европскиот пазар ќе бидат познати по неговото официјално лансирање.