По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со попреченост, време е да размислиме за тоа како технологијата може да има улога во поттикнувањето на поинклузивен свет.
Samsung отсекогаш бил посветен на обезбедување доследно искуство за сите корисници на Samsung Galaxy уредите. Во согласност со овој напор, Samsung ја преставува иновативната функција за универзални гестикулации за пристапност на часовникот Galaxy Watch. Таа беше претставена во рамки на ажурирањето на часовникот One UI 5 Watch со цел на корисниците да им овозможи искуство без допир преку едноставни и интуитивни движења.
Функцијата за универзални гестикулации им нуди на корисниците вредна алтернатива за интеракциите потребни за ракување со уредот, а сето тоа без никаков напор или притискање копчиња. Со четири различни гестикулации – Стисни тупаница, Двапати стисни тупаница, Штипни и Двапати штипни – корисниците можат да управуваат со својот часовник Galaxy Watch на начини кои најдобро им одговараат.
Како да се активира функцијата за универзални гестикулации
За активирање на функцијата за универзални гестикулации на часовникот Galaxy Watch, следете ги овие едноставни чекори:
Откако ќе се активира функцијата за универзални гестикулации, вашиот часовник Galaxy Watch ќе го покаже тоа со приспособлива рамка во боја, што ќе ви овозможи да го користите овој интуитивен режим за приспособено и достапно искуство.
Стисни тупаница и отвори го менито за дејства и избери
Во рамки на оваа функција, гестикулацијата Стисни тупаница го поедноставува процесот на избирање и отворање ставки во часовникот Galaxy Watch.
Гестикулацијата Двапати стисни тупаница го отвара менито за дејства, кое дава низа практични опции достапни директно од вашиот зглоб. Замислете го ова мени како кутија преполна со основни алатки, како што се отворање на менито со апликации, враќање на претходниот екран и прикажување на веќе користени апликации, лесно достапни кога и да ви затребаат. Менито за дејства е исто така динамично и ја приспособува својата содржина врз основа на екранот кој веднаш се отвора штом корисникот ќе го активира менито со дејства. Кога ќе бидете подготвени да изберете одредена ставка, едноставно стиснете тупаница.
Штипни за премин од ставка на ставка
Гестикулациите Штипни и Двапати штипни на часовникот Galaxy Watch им нудат на корисниците нови начини на интеракција со нивниот Galaxy Watch, кои се особено корисни за лица со ограничени движења. Со овие две гестикулации, вие можете да се движите од една ставка до друга или да се вратите на претходната ставка.
Скролувајте низ вашите пораки, прелистувајте ги ставките во календарот или прегледувајте го вашиот фото албум – сето тоа со помош на гестикулацијата Штипни.
Пристапноста е значајна за отстранување на бариерите и овозможување беспрекорни искуства за секого. Затоа, функцијата за универзални гестикулации им нуди на корисниците интуитивна контрола над нивниот часовник Galaxy Watch. На пример, корисниците на Samsung Galaxy уредите можат лесно да променат кое било од дејствата на овие четири гестикулации, дополнително персонализирајќи го нивниот уред за подобро да ги задоволи нивните потреби.
Уште една значајна функција за контрола на часовникот Galaxy Watch
Функцијата за гестикулации] на часовникот Galaxy Watch, која се наоѓа во напредните функции, е уште една посебна карактеристика која нуди практична кратенка за дејствата – одговарање на повици, исклучување на предупредувања или брзо стартување апликации – а сето тоа може да се постигне со едноставни движења со рацете и шаките.