Според новите информации, најмоќниот и најскап модел, Galaxy S24 Ultra ќе има рамен екран во споредба со малку закривениот кај Galaxy S23 Ultra, и рамка изработена од титаниум, наспроти досегашната од алуминиум.
Се шпекулира дека Samsung ќе ја претстави својата нова Galaxy S24 флегшип серија паметни телефони на настан што ќе се одржи на 17 јануари во Сан Хозе, а тој датум брзо се приближува. Има и наводни фотографии од уредите кои во голема мера ни покажуваат како ќе изгледаат.
Сепак, сега има нови и доста сеопфатни податоци поврзани со Galaxy S24, S24+ и S24 Ultra. Уредите можат да бидат достапни во црна, сива, виолетова и жолта боја, но под различни имиња (за боите) за поединечни модели.
Според новите информации, најмоќниот и најскап модел, Galaxy S24 Ultra ќе има рамен екран во споредба со малку закривениот кај Galaxy S23 Ultra, и рамка изработена од титаниум, наспроти досегашната од алуминиум. Повторно се наведува дека клучен елемент во новата серија ќе бидат решенијата со вештачка интелигенција. Тие ќе понудат различни функционалности и се чини дека се наведени како главна иновација.
Интересно е и тоа што парните комори во системите за ладење ќе бидат поголеми, што значително ќе ги подобри перформансите во оваа насока. Протекоа податоци и за сите главни параметри на телефоните, бидејќи тие ќе имаат екрани од 6,2“, 6,7 и 6,8 инчи и батерии со капацитет од 4000mAh, 4900mAh и 5000mAh, соодветно.
Galaxy S24 ќе има 8GB RAM, а другите два модели по 12GB. Што се однесува до складирањето фајлови, тоа ќе достигне до 1 TB кај S24 Ultra. Главната камера на моделот Ultra ќе вклучува главен сензор од 200 MP, ултра широкоаголен објектив од 12 MP, телефото објектив од 10 MP и перископ објектив од 50 MP за 5x оптички зум.
Премиерата на Galaxy S24 серијата е планирана за 17 јануари во Сан Хозе