Популарната апликација Strava за следење на активности како трчање и планинарење, направи уште еден чекор за да стане социјална мрежа.
Претходно, корисниците на Strava можеа да се следат и да си „лајкуваат“ различни активности во знак на поддршка и охрабрување, но сега можат да се допишуваат и да си испраќаат директни пораки „еден на еден“ или во групни разговори.
Сега е можно да се испраќаат прецизни маршрути или активности до други корисници, што овозможува координација на работата на заедницата во апликацијата. Претходно, корисниците на Strava мораа да ја напуштат платформата за да разговараат за настаните на апликацијата и користеа други платформи како WhatsApp и Facebook.
На корисникот му се на располагање поставките за чет за да може да испраќа и прима пораки од профилите што ги следи. Можно е корисникот да се избере опција никој да не може да контактира со него, освен ако тој самиот не го почне разговорот. Во случај на групни разговори, креаторите можат да додаваат или отстрануваат учесници и да им дозволат на членовите да повикуваат други или да го напуштат разговорот ако сакаат.
Со цел да се продлабочи интеракцијата, Strava добива и функции како што се одговарање на пораки со гифови или лајкови.
Strava денес ја користат повеќе од 100 милиони луѓе, а повеќе од 40 милиони активности се поставуваат неделно. Апликацијата има за цел да стане повеќе од само следење на активности, а функцијата за пораки го зголемува нејзиниот капацитет да стане поактивна платформа за луѓето фокусирани на фитнес да се сретнат во реалниот живот.
Неодамна, Strava интегрираше стриминг музика директно во својата платформа и ги направи своите некогаш премиум функции достапни за корисниците што не плаќаат за услугата, а сето тоа во обид да продолжи да ја шири својата база и понуди.