Beeper Mini е нова апликација која го додава iMessage на уредите со Android. Услугата е овозможена без потреба да се најавите со Apple ID, прескокнувајќи ја една од поголемите пречки помеѓу платформите.
Апликацијата ги препознава текстуалните разговори со корисниците на iMessage и ги претвора во препознатливите „сини меурчиња“ кои се поврзуваат со ексклузивниот систем на Apple. На тој начин, корисниците на Android можат да користат и функционалности како реакции, reels, споделување висококвалитетни мултимедијални содржини и групни разговори.
Пристапот на Beeper Mini е директно да комуницира со серверите на Apple, регистрирајќи го телефонскиот број на корисникот во iMessage. Од Beeper тврдат дека немаат пристап до податоците на корисниците. Апликацијата сега е достапна на Play Store со седум дневен бесплатен пробен период, по што се плаќа претплата од 2 долари месечно.