Компанијата Nothing најави дека „нешто пристигнува оваа недела“ што укажува на лансирање на нов производ, а веројатно станува збор за паметниот телефон Nothing Phone 2a.
За овој уред засега не се знае многу, освен дека ќе има 6,7-инчен AMOLED дисплеј, две задни камери и Glyph интерфејсот на Nothing на задниот панел.
Името укажува дека Phone 2a ќе биде подостапен од моделот Nothing Phone 2, кој чини 600 евра.
Во секој момент треба да дознаеме што ново ќе пристигне од „кујната“ на компанијата Nothing.