Развојот на идната верзија на оперативниот систем Windows е при крај и се очекува да го внесе Microsoft во нова ера на компјутери со вештачка интелигенција.
Според неодамнешниот извештај на кинескиот финансиски весник Commercial Times, Windows 12 ќе биде објавен следното лето, поточно во јуни 2024 година. Се чини дека овој рок е предвиден поради изјавите на претседателите на Quanta и Acer, кои беа гости на изложбата за медицинска технологија во Тајван на 30 ноември.
Зголемените трошоци за генеративна вештачка интелигенција (1,37 милијарди долари во 2022 година) забележа претседателот на Quanta, Лин Баили, додавајќи „кога ќе пристигне Windows 12, очекувајте компјутерите со вештачка интелигенција да се појавуваат еден по друг“.
Слично размислува и Џејсон Чен, извршен директор на Acer, но не е убеден дека компјутерите со вештачка интелигенција ќе станат хит преку ноќ. Наместо тоа, тој истакна дека ќе биде потребно време за однесувањето на клиентите да се прилагодат на она што се нуди.
Датумот на лансирање на Windows 12 од средината на 2024 година е во согласност со претходните гласини на оваа тема.
Уште во октомври, финансискиот директор на Intel, Дејв Зинснер спомна „освежен Windows кој се очекува следната година“. Тој, исто така, рече дека производителот на чипови верува дека „освежувањето ќе ја направи следната година добра за биснис на страна на клиентот“.