Looking Glass е стартап кој произведува 3D дисплеи што прикажуваат предмети кои како да излегуваат од екранот, а компанијата сега го претстави својот најнов производ Looking Glass Go, чија цена изнесува 300 долари.
Моделот има екран од 6 инчи и е десет пати потенок од претходните додатоци, што е доволно мал за да го собере во џеб. Напојувањето доаѓа преку USB Type-C приклучок, а има и Wi-Fi и Bluetooth конекција за прием на сигнал.
Поглед од 58 степени се постигнува од 100 различни перспективи, односно агли од кои може да се види сликата. Looking Glass Go сè уште е проект на Kickstarter и нуди можност за прегледување просторни фотографии и содржини без кацига.
Самиот уред е изработен од метал, стакло и пластика. Тежи 235 грама и има димензии 1,9 x 16 x 8 см. Поседува копчиња за контрола на репродукцијата, како и 3,5 мм приклучок за поврзување слушалки, бидејќи нема вграден звучник.