Корисниците на апликациите WhatsApp, Instagram, Facebook и Messenger во САД ќе бидат првите што ќе ја испробаат технологијата Meta AI пред да стане глобална
Компанијата Meta, која поседува неколку социјални мрежи и апликации за комуникација, официјално ја претстави својата технологија за вештачка интелигенција (AI), која почнува да ја имплементира на нив. Таа се нарекува Meta AI и не е обичен виртуелен асистент, а корисниците на апликациите WhatsApp, Instagram, Facebook и Messenger во САД веќе можат да ја испробаат.
Meta AI има низа технички предности кои можат да го подобрат корисничкото искуство на гореспоменатите апликации и нејзините можности не служат само за забава, тврдат од компанијата.
Една од функиите е генерирање на текст во слика. Meta AI на апликациите Messenger и Instagram сега има опција наречена „Reimagine“ која ќе креира слики генерирани со вештачка интелигенција и ќе им овозможи на пријателите во групниот разговор да ги усовршат со додавање нови барања. Сè што треба да направат е да ја притиснат и да ја задржат генерираната слика, да додадат барање, а тоа потоа ќе резултира со ново издание на сликата. Оваа функција делува прилично интересно и можеби е една од најдобрите карактеристики на Meta AI.
Покрај генерирањето слики, Meta AI може да помогне во откривањето на Reels снимките, што изгледа како корисна опција. Благодарение на него, ќе можете да побарате од вештачката интелигенција да ви прикажува видеа во разговорот со вештачка интелигенција и ќе добиете снимки од Reels кои се релевантни за вашето барање.
Кога станува збор за Facebook, Meta AI ќе ви помогне да креирате роденденски честитки, да ги уредувате објавите на вашата почетна страница, да го напишете воведот за вашиот профил за запознавање на Facebook и многу повеќе. Компанијата тестира и функција која ќе овозможи креирање и споделување на слики генерирани со вештачка интелигенција на социјалната мрежа.
Свој дел од колачот ќе имаат и креаторите на содржини, бидејќи Meta AI ќе им овозможи да одговорат на пораките од виртуелната заедница на подобар и полесен начин. Еден од нив ќе биде тоа што вештачката интелигенција наместо нив пишува релевантни одговори во директни пораки.
Коментирите во групите, исто така, ќе бидат опфатени со вештачката интелигенција која ќе може да дава предлози за коментари на темите во групи, но ќе пружа и резултати од пребарувањето и ќе креира подобри описи на производи во продавниците. Сепак, корисниците надвор од САД ќе мора да почекаат уште некое време, што не е ни пробно најавено, за да го испробаат овој тип на вештачка интелигенција.