За разлика од повеќето апликации за временска прогноза, каде што радарските временски прикази се само еден дел од она што го нудат, оваа апликација се фокусира токму на н интерактивен приказ на тековните временски услови за речиси секоја локација во светот
Zoom earth дефинитивно не е класична апликација за прогноза на времето бидејќи е специјализирана за прикажување временски услови во реално време.
Податоците се прикажани на интерактивна мапа со опција за вклучување и исклучување на слоеви кои нудат различни информации. Со апликацијата може и да се вклучи приказ на класичен радар, анимација на движење на ветрот, извори на топлина, активни пожари, како и детали за невремиња.
Клучната опција што ја нуди апликацијата е достапноста на повеќе радари, како сателитски приказ, класичен приказ, преглед на дождови, прогнози за движење на ветерот, температурата, влагата и атмосферскиот притисок.
Податоците за времето во реално време се ажурираат на секои 10-15 минути, а се преземаат од повеќе сателити. Мапите за прогноза се ажурираат на секои шест часа. Апликацијата нуди и опција за движење низ времето за да се следат промени на мапата.
Апликацијата Zoom Earth е бесплатна е достапна за телефоните на Android и iOS