Vivo X100 и Vivo X100 Pro беа лансирани минатиот месец и моментно смартфоните се ексклузивни само за Кина. Сепак, денеска го дознавме и толку посакуваниот датум на глобалното лансирање на оваа серија телефони.
Оваа информација доаѓа од Vivo преку глобалниот сајт, каде што е поставена страница за настани за X100 и X100 Pro. Како што е познато, и двата смартфони беа достапни за преднарачки од 24 ноември, а настанот за лансирање ќе започне во 19 часот следниот четврток, односно на 14 декември. Она што Vivo не го спомена е временската зона.
Vivo X100 и Vivo X100 Pro ги покренува чипсетот Dimensity 9300, а најзначајната разлика меѓу нив е во камерите и батериите. X100 има батерија од 5.000 mAh со жично полнење од 120 W, додека X100 Pro има батерија од 5.400 mAh со жично полнење од 100 W и безжично полнење од 50 W. Од софтверската страна, овие телефони работат на верзијата Funtouch 14, базирана на системот Android 14.
Двата паметни телефони имаат тројна камера на задната страна, со заеднички ултраширок сензор од 50 MP, додека примарната и перископ телефото камера се различни. X100 доаѓа со примарна камера од 50 MP со 1/1,49 инчи и перископ телефото сензор од 64 MP од 70 mm со 3x оптички зум, додека X100 Pro има примарна камера од 50 MP 1/0,98 инчи и 50MP 100 mm перископ телефото сензор.