Apple планира да претстави неколку нови уреди во 2024 година, тврди познатиот новинар на Bloomberg, Марк Гурман.
Гурман наведува дека компанијата од Купертино во март ќе ја претстави новата генерација таблет уреди iPad Pro и iPad Air, а секој од нив ќе биде достапен во две големини. Според него, во исто време Apple ќе ги претстави и новите MacBook Air лаптопи со M3 процесор, кои ќе пристигнеат во вообичаените големини од 13 и 15 инчи. Тогаш Apple би можел да го повлече од продажба својот M1 MacBook Air, кој беше претставен уште од 2020 година. Сепак, Mac Studio и Mac Pro ќе се приклучат на „М3 забавата“ подоцна, а според Гурман, тоа нема да се случи барем до крајот на 2024 година, односно можеби и нема да се појават до 2025 година.
Со доаѓањето на новите iPad модели, Apple планира да ги направи појасни разликите меѓу многубројните моделите, со цел изборот да биде помалку збунувачки за клиентите. Новиот iPad Pro треба да добие нов M3 процесор, OLED екран и две опции кога станува збор за големината, односно 11 и 13 инчен модел. Покрај тоа, се очекува и нова Magic Keyboard наменета само за Pro моделот, која би требало да донесе алуминиумска основа и поголем тракпад,.
Новиот iPad Air ќе пристигне со 10,9-инчен екран, но ќе биде претставен и поголем модел од 12,9 инчи, и двата со М2 чип. Овие промени треба да направат појасна разлика помеѓу iPad уредите од високата класа, од средната класа и основниот модел, за клиентите полесно да одлучат што најмногу одговара на нивните потреби.

