Роботот првично би требало да помогне во производствениот процес во фабриките на Тесла, а потоа да се појави во продажба на пазарот.
Кога Tesla ги најави амбициозните планови поврзани со хуманоидните роботи, глетката на човек маскиран во робот беше прилично хумористична, но не помина многу време од танчарот маскиран во робот до – создавањето на хуманоиден робот кој има прилично добри танчарски движења.
Елон Маск се пофали на социјалната мрежа X со новата генерација на роботи Optimus, на која се направени бројни подобрувања и веќе сега се чини како речиси финализиран производ.
Во развојот на новиот Optimus, Tesla го искористи своето знаење и стручност во подрачјата како електрични мотори, батериски технологии и вештачка интелигенција кои ги разви за својата програма за автономно возење и се на добар пат еднаш, можеби и порано од очекуваното, нивните роботи полека тргнуваат да учествуваат во некои човечки активности.
Новата верзија на роботите, како што е видливо од видеото, сега е за 30 проценти побрза во однос на претходникот, а во зголемувањето на брзината на одење помогнало и намалувањето на тежината од 10 килограми.
Од Tesla го нагласуваат и подобрениот баланс на Optimus, а тоа можеме да ги видиме и по начинот на кој клекнува, а голем напредок е направен и со начинот на кој ги движи рацете, односно дланките и прстите. Додека на нам не ни е проблем да креваме предмети и да примениме доволен стисок за да кренеме предмет, а притоа да не го скршиме или оштетиме, за роботите тоа е прилично комплицирана задача. Но, како што гледаме на примерот со јајцето, Optimus одлично се снаоѓа и со балансирање на прстите.
Optimuspic.twitter.com/nbRohLQ7RH
— Elon Musk (@elonmusk) December 13, 2023
Tesla ќе продолжи со понатамошен развој и тестирање на овој робот, а според Electrek, не би требало да мине многу време пред оваа компанија да почне да го користи во своите производни процеси.
Во иднината, кога роботот ќе се покаже како способен и за покомплицирани задачи, компанијата планира да го понуди на пазарот. Побарувачката за нив би требало да биде голема, односно огромна, барем според извршниот директор на компанијата. Имено, кога неодамна зборувал за „Optimus“, уште пред демонстрацијата на новата генерација, Маск рекол дека нивниот робот е многу потценет, а побарувачката а него би можела да изнесува дури 10 до 20 милијарди парчиња.
Целта на Tesla е хуманоидните роботи прво да ги заменат луѓето на некакви опасни услови, додека еден ден би можеле да служат и како наши домашни помошници, да одат на шопинг за нас и слично. Но, јасно, и покрај големиот напредок на роботите, од тој ден сè уште сме прилично далеку.