Мапите на Google воведуваат неколку нови начини што ќе им овозможат на корисниците поголема контрола врз нивните лични податоци
Google најавува нови ажурирања на Google Maps кои на корисниците треба да им дадат поголема контрола. Пристигнува можноста за бришење на сите кориснички податоци поврзани со одредена локација директно во Maps. Моментно е можно да се отстрани локација од временската линија, но ако корисникот ја користел Google Maps за да ја прегледа таа локација и насоки, тие податоци сѐ уште ќе постојат во Google активноста на веб и во апликацијата (ако е овозможена). Со новата опција ќе може да се бришат сите поврзани информации во еден чекор.
Вториот новитет е поврзана со сината точка, односно моментната локација на корисникот, која сега ќе се користи за пристап до контролите за локација. За да ги проверите поставките Историја на локација или Временска линија и дали корисникот дал пристап на Google Maps до локацијата на уредот, ќе биде доволно да се допре сината точка и да се видат сите поставки за локација.
Способноста за бришење активности врзани за локацијата и новите контроли со сини точки ќе бидат достапни на уредите со iOS и Android во наредните недели.
Временската линија во Google Maps му помага на корисникот да се сети на местата каде што бил и е дел од поставките за Историја на локацијата. Иако се работи за опција која стандардно е исклучена, многу корисници ја вклучуваат за да имаат преглед на посетените места.
Од Google велат дека отсега податоците поврзани со временската линија ќе се зачувуваат директно на уредот, наместо во облак, што на корисникот ќе му овозможи поголема контрола врз своите податоци.
Дополнително, стандардното време за автоматско бришење на историјата на корисникот и локацијата е скратено од 18 месеци на три месеци. Доколку корисникот сака да ги задржи податоците, овој период може да се продолжи или да се исклучи опцијата за автоматско бришење.