Уредот е дизајниран од Афшин Мехин, кој работел и на мозочниот имплант за компанијата Neuralink.
Технолошката стартап-компанија Prophetic нуди необичен уред кој овозможува да работите додека спиете. Станува збор за уред кој се става на главата и може да поттикне таканаречени луцидни соништа, односно соништа во кои сте свесни дека сонувате, а може да ги контролирате.
Prophetic има цел корисниците на уредот да бидат продуктивни додека сонуваат со тоа што ќе ги контролираат соништата и ќе завршуваат активности додека спијат. Според основачот на компанијата, Ерик Волберг, на овој начин би можеле да вежбате говор, да решавате математички задачи и многу повеќе.
Уредот е дизајниран од Афшин Мехин, кој работел и на мозочниот имплант за компанијата Neuralink.
INTRODUCING PROPHETIC
We are a non-invasive neurotech company building a device to induce and stabilize lucid dreams.https://t.co/QeFLmHPsUI pic.twitter.com/G3QCtWgUd3
— Prophetic (@PropheticAI) June 22, 2023
Тој функционира на тој начин што ослободува фокусирани пулсирања на ултразвучни бранови директно во регионот на вашиот мозок поврзан со луцидни соништа. Исто така, тој ги таргетира регионите вклучени во процесите на донесување одлуки, така што кога ќе се предизвика луцидна состојба, на корисникот му се овозможува контрола.
Сепак, некои експерти се скептични за ефективноста на уредот, а науката нема дефинитивни теории за ваквата технологија.